Дали беше законска аболицијата на Иванов? Одговара Николовска во „ЕУ Клик“

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Поранешната судијка во Европскиот суд за човекови права во Стразбург Маргарита Цаца Николовска во „ЕУклик“ на ТВ21 одговори на едно од најпоставуваните прашања за тоа дали беше законска аболицијата која ја направи екс претседателот на државата, Ѓорѓе Иванов.

„Точно е дека голем проблем прашањето околу помилувањата што ги даде претседателот на државата, па ги повлече, и она што е во дадената ситуација важно е да се види законитоста на интервенцијата во одредените прави на овие апликанти кои се обратиле до Стразбур. Беа презентирани на некој начин дел од прашањата кои се поставени на државата. Се она што се случуваше во државата околу донесување на законски одредби во врска со помилувањето, па одлуката на Уставен суд, па одлуката на законоправната комисија во врска со барањето за автентично толкување, импичментот кој се бараше од претседателот на државата. Сето тоа се елементи кои државата ќе ги презентира и во зависност од сите тие елементи ќе одговори на прашањето колку била законска таа постапка“, посочи Николовска.

За потсетување, екс претседателот Иванов донесе аболиција за сите оние кои беа опфатени со предметите на СЈО и со тоа ги спаси од кривично гонење.