Дали директорот Агрон Буџаку некогаш помислил дека Центарот за управување со кризи ќе се соочи со ваква пандемија?

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Директорот на Центарот за управување со кризи Агрон Буџаку вечерва е гостин во „ЕуКлик“ на ТВ21. Тој одговори на прашањето дали некогаш Центарот за управување со кризи очекувал ваква пандемија предизвиката од коронавирусот.

-Да ви кажам искрено и ние во Центарот имаме кризи… Имавме кризи на двата гранични премини со Србија и Грција за мигрантите, имавме кризна состојба околу масивните пожари пред две години, но никогаш не сме помислиле дека во 21 век пандемијата ќе биде причина која ќе предизвика вонредни мерки кои ги преземавме-рече Буџаку.