Дали е стабилен владиниот состав? – Меџити вели дека нема да поднесе оставка, Џафери ја набљудува ситуацијата

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Двајца од тројцата министри на АА, Фатмир Меџити и Азир Алиу го поддржаа претседателот на партијата Арбен Таравари, кој сака да и се приклучи на албанската опозиција. Но како што изгледа ова не им одговора за да си поднесат оставка од министерските позиции на кои беа именувани откако станаа дел од власта. Министерот за здравство, Фатмир Меџити вели дека секогаш е на страната на Таравари и ги поздравува сите негови постапки, но не прецизираше дали ќе достави оставка.

„АА е ЕДНО, АА има легитимен претседател и АА ќе продолжи со своите политики, особено со државните политики кои оваа држава не ги почувствувала 30 години како овие 11 месеци. Може ли подобро? Може многу подобро. За се друго ќе биде известени од партиските органи., ќе следиме како ќе се одвива ситуацијата. Немам зошто да поднесам оставка од позицијата министер за здравство, ние продолжуваме со државните политики“, порача Фатмир Меџити.

На прашањето за случувањата во АА и за можното влијание на оваа состојба во владиниот состав, техничкиот премиер Талат Џафери вели дека во случај некој министер од АА да се повлече, ќе предложи ново име.

Оваа ситуација вчера ја коментираше и екс премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски кој рече дека не треба да се меша политичкиот со професионалниот дел што го спроведуваат министрите.

Инаку настаните во АА ескалираа откако претседателот на партијата, Арбен Таравари најави дека на изборите ќе и се придружи на албанската опозиција, со што не се согласува екс претседателот Зијадин Села кој побара да се свика собранието на партијата и да се побара одговорност од Таравари.