Експертите предупредуваат дека доколку се воведе еколошката такса, истата ќе предизвика серија на други зголемувања на цените.
Министерот за финансии Фатмир Бесими во емисијата „10 Минути“ на ТВ21 вели дека тие направиле проекции во однос на овие анализи и дека истото е во рамките на тоа што е во ребалансот.
„Ние во ребалансот имаме 4,1 раст на бруто домашниот производ, останувам на тие проекции. И зголемивме во делот на инфлацијата, не само во однос на ова, туку тоа беше предвидено со оглед на тоа што се случува на светскиот пазар. Од 1,5 на 2% инфлација во текот на оваа година и ова ќе се стабилизира во текот на втората половина од годината“, посочува Бесими.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ:
- Бесими: Очекувам конструктивна и суштинска дебата од опозицијата за ребалансот на Буџетот
- Бесими: Оваа година враќаме 500 милиони евра обврзница
- Бесими: Воведуваме развојна и зелена обврзница, овие средства ќе се користат исклучиво за капитални инвестиции и зелен развој
- Моделот за еколошките давачки е време да се дизајнира и да се донесе, вели Бесими
