Дали Гаши и Зејди разговараат меѓу себе? – Алтернатива наскоро ќе одржи партиски конгрес

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Поминаа четири месеци откако партијата на Африм Гаши влезе во Владата. Првите две точки од програмата на Алтернатива беа  почетокот на преговорите со ЕУ и барањето за меѓународна истрага за сомнителните процесите за  политичко влијание, како што се „Монструм“, „Алфа“, „Диво насеље“ и „Малиот Алмир“, но ниту едно од овие ветувања. не се ниту блиску до исполнување. За судските предмети кои наводно се наместени, Гаши во изјавата за „100 дена владеење“  се правдаше  со ситуацијата во Украина.

„Се што Алтернатива може да направи како политичка партија е да се ангажира и максимално да се погрижи за да придонесе овие случаи да се решат, потоа другиот дел…ние  во процесот треба заедно да судиме кога ќе биде потребниот момент“, посочи Африм Гаши.

Ја прашавме партијата на власт за тоа со кои проекти или реализирана работа може да се пофали.

„Иако фалењето не е наша карактеристика, бидејќи  прашањето  ви е со овој термин, можам да ви кажам дека се фалиме со доследност, се фалиме со фактот дека сме првата и единствена албанска партија што влезе во владата со потпишан договор и објавен , што е водич за политички ангажман. Што се однесува до гласините, повеќе можеби има такви  кои сакаат нешто такво отколку што навистина има проблем. Алтернативата е секогаш алтернатива!“, велат од Алтернатива.

Инаку, кон средината на овој месец ќе се одржи конгресот на оваа партија, а според информациите на ТВ21, од декември, кога беа утврдени имињата на раководителите на ресорите кои и припаѓаа на оваа партија, не е одржана средба на кој било партиски орган.

Иако оваа партија демантира, претседателот Африм Гаши и заменикот Скендер Реџепи – Зејди не комуницираат меѓу себе. Незадоволно изгледа и секретарот Зеќирија Ибрахими.

Тој од 3 декември повеќе не споделува статуси за партиски активности или статуси на претседателот  Гаши. Ибрахими беше против и неколку пати изјави дека Алтернатива не влегува во владата со СДСМ и ДУИ. Контактирани од ТВ21, Зејди и Ибрахими не одговорија на ова прашање.