Дали Груевски како слободен ќе се врати во Македонија? Кацарска: За негови три предмети не може да важат измените на кривичниот законик

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Добрила Кацарска, претседателката на Уставниот суд гостуваше во ТВ21 во дебатниот магазин „Клик Плус“. Кацарска ја прашавме дали Никола Груевски може да се врати во Македонија како слободен човек, после измените на кривичнито законик.

„За да можам да дадам прецизен и јасен одговор, треба да ги имам пред мене сите предмети што се водат против Никола Груевски. Јас не знам колку предмети има против него, за кои кривични дела, која е казната, и со гласно новите измени на кривичен законик дали има застарување или не. Јавноста очекува прецизни одговори, и би било несериозно да давам одговор на вакво прашање. Имав три предмети за него од СЈО, тоа се Тенк, Триста и Транспортер. Сите ги имам завршено, и сите се правосилни и минаа низ Врховниот суд. За тие предмети каде што е завршена постапката, не може да важи измената на законот“, изјави Кацарска за ТВ21.