На ден 25.07.2026 година, до 18:00 часот, на територијата на државата се регистрирани вкупно 12 пожари на отворен простор, од кои 3 се активни, 1 е под контрола, а 8 пожари се изгаснати.
Активни пожари (3):
Општина Пробиштип – атар на с. Плешинци кон с. Стрмош (ниска вегетација, грмушки и ниска шума).
Општина Куманово – атар на с. Винце (сува трева).
Општина Петровец – од с. Горно Коњари кон с. Винце (сува трева, грмушки и шума).
Пожар под контрола (1):
Општина Кавадарци – над депонијата во Росоман (сува трева).
Изгаснати пожари (8):
Општина Могила – помеѓу селата Српци и Беранци (жито).
Општина Велес – Бојаџиина Чешма (сува трева, трње и лозови насади).
Општина Струга – Генц Комерц (ниска вегетација и стрниште).
Општина Студеничани – с. Студеничани (ниска вегетација).
Општина Врапчиште – с. Неготино (сува трева).
Општина Струга – с. Делогожда (сува трева).
Општина Куманово – Споменик Костурница (сува трева и борова шума).
Општина Гевгелија – на правецот од с. Миравци кон с. Петрово (сува трева).
