Дали имало мобинг врз медицински сестри?! Филипче вели не, само дискусија на повисок тон

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, утрово имаше средба со трите медицински сестри, кои вчера најавија дека ќе си заминат од Инфективната клиника.

Станува збор за главната сестра Зорица Љубичиќ Митиќ и уште две медицински сестри Силвана Рогиќ и Дивна Бојческа.

Филипче истакна дека ги разбира, и договорено е после годишниот одмор кој ќе го користат, повторно да се разговара со нив и да се најде начин за продолжување со битката против коронавирусот.

Како што вели Филипче врз нив немало мобинг, туку имало само дискусија на пивисок тон од директорот и докторката со медицинската сестра, поради што сега сите жалат за тоа.

Воедно министерот додава дека пандемијата трае предолго, заморот и нервозата го прават своето, но секако прават се медицинските сестри да се чуствуваат почитувано и задоволно на своите работни места.