Општина Кичево континуирано тендерите ги доделува на три исти компании. Според листата објавена од страна на Опен Фајненс ти компании се: „АС-Сењак“, „Линди ДООЕЛ“ и „Пуцко Петрол“. Од огранокот на Алијанса за Албанците велат дека овие три компании се блиски со градоначалникот на општината, Фатмир Дехари.
„Ова е феномен што трае веќе една декада од неговото владеење, градоначалникот на општината во континуитет откако го зема првиот мандат во 2013 година, во општината има создадено монопол на компании и ни малку нема распределено средства кај помалите компании кои едвај го преживеаја изминатиот период како резултат на пандемијата и ограничувањата и рестрикциите кои беа на сила, затоа ние како Алијанса за Албанците го пријавивме овој феномен“, вели Генц Сељмани, претседател на Алијанса за Албанците во Кичево.
Но, Дехари ги отфрла овие обвиненија велејќи дека тендерите секогаш се распределувале базирано на законот за јавни набавки.
„Општина Кичево никогаш не доделува тендери според нејзина волја и желба, туку секогаш базирано на законот за јавни набавки, до сега, не само за време на пандемијата или една година претходно, или пак оваа година, туку за време на сите 9 години кои изминаа, ние немаме никаква забелешка од страна на сите контроли кои се спроведени од страна на различните институции, ревизии од различните компетентни институции“, изјави градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари.
ТВ21 контактираше неколку компании но тие не сакаа да зборуваат пред камерите. Една компанија, која сакаше да остане анонимна ни ја испрати следната порака:
„Готово 90% од тендерите во Кичево се доделуваат на база на врски, доколку сте близок со Дехари може да добиеш тендер, во спротивно тешко. Сега сите знаат дека во Кичево 90% од тендерите на општината ги добиваат две компании кои се блиски со градоначалникот. Има случаи кога една компанија конкурира со пониски цени од тие две компании блиски до градоначалникот, се поништува тендерската постапка и се повторува истата неколку пати, се додека тендерот не го добие компанијата блиска до општината. За време на 3 мандати на чело на општината, тендерите за асфалт и бекатонки ги добиваат само „АС-СЕЊАК„ и „ЛИНДИ“, нешто што е во спротивност на сите закони кои постојат во државата!“, се вели во пораката од комапнијата која сакаше да остане анонимна.
Дехари рече дека Општина Кичево работи во согласност со законите во државата и ги отфрли сите обвинувања.
