Има усогласување на ставивите на СОНК и МОН, но сепак е потребно зелено светло од Министерство за финансии за заокружување на преговорите кои продолжуваат во недела. Доколку нема конкретен резултат ќе продолжат преговорите и во наредниот период.
-Се усогласуваме со ставовите, напредуваме во преговорите сакаме да бидеме оптимисти, но сепак не зависи се од нас преговарачите, зависи и од Министерство за финанасии, доколку би можело дополнително да одвои средства, вели Јаким Неделков од СОНК.
За деновите во кои штрајкуваа, платите на просветните работници ќе им бидат исплатени. Но, дали и на вработените во градинките?
-За жал имаме проблем во Труд и социјална политика со детска заштита има навистина сериозен проблем каде што до ден- денеска нема сигнал дека ќе бидат исплатени дневниците и може да биде сериозен проблем за нарушување на процесот на преговори, рече Неделков.
Предучилишните установи се посебни и самостојни правни субјекти кои во својата работа ги почитуваат законите, подзаконските акти и колективните договори. Согласно Законот за заштита на децата уредено е исплата на плата и надоместоци од плата соглсно закон -велат од МТСП за ТВ21.
„Министерството за труд и социјална политика очекува дека предучилишните установи за деца ќе ги почитуваат одредбите од наведените прописи при исплата на плата и надоместоци за плата во време на штрајк“, велат од МТСП.
А според законот платите треба да им се исплатат целосно, но без додатоци. Во меѓувреме воспитно-образованиот процес не одвива непречено во сите училишта во земјава.
