Дали ќе се пренаменат парите за магистралниот пат во Визбегово? Владата и ВРЕДИ негираат, Град Скопје потврдува

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Европскиот фронт ја обвинува Владата и коалицијата ВРЕДИ дека средствата за автопатот „Хасан Приштина“ во Визбегово ќе се пренаменат за помош на претпријатието „Паркови и зеленило“ на Град Скопје. Оваа понуда, како што вели пратеникот Елми Азири, била откриена на средбата на премиерот Христијан Мицкоски со градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Премиерот на државата вчера и предложи на Данела Арсовска средствата наменети за поправка на булеварот што го поврзува Скопје со патот кон Република Косово во износ од 8 милиони евра да се пренаменат за јавното претпријатие на град Скопје – Паркови и Зељенило! Значи, премиерот предлага да се стопираат работите на патот кон Косово!

Според ДУИ неприфатливо е проблемите на Град Скопје, како што велат, да се решаваат на грбот на Албанците. Ја обвинуваат ВРЕДИ зошто не реагира. Но владата и ВРЕДИ негираат. Од влада велат дека при средбата Мицкоски-Арсовска воопшто не била покрената оваа тема а ВРЕДИ уверува дека патот за Косово ќе се гради и дека е дел од владината програма.

-Ве известуваме дека не е разговарано на таа тема на средбата меѓу премиерот Мицкоски и градоначалничката на г. Скопје, Арсовска.

Само Алиса и ДУИ од светот на чудата можат да потврдат дека патот Скопје-Блаце може да биде завршен за 4 месеци, бидејќи наместо да го асфалтираат патот и да понудат современи решенија, тој дел го полнеле со коцкарници на секои 200 метри. Во спротивно ДУИ не треба да се грижи за ова, патот ќе се гради и тоа е дел од програмата на Владата.

Но, одговорот на Град Скопје не кореспондира со тој на Владата и ВРЕДИ. На прашање на ТВ21, од кабинетот на Арсовса со мала разлика ги потврдија изјавите на албанската опозиција дека не се работи за иницијативата „Паркови и зеленило“, туку за ЈСП Скопје. Обвинуваат дека Владата ги залажува граѓаните со тоа што го плаќа долгот кон ЈСП со средствата кои биле наменети за автопатот „Хасан Приштина“.

Од владата понудија “решение” за исплата на нивниот долг кон ЈСП Скопје во висина од 8 милиони евра со тоа што ќе ги одземат од градот предвидените средства за изградба на бул.Хасан Приштина. Овој “предлог” го сметаме за уцена врз граѓаните на град Скопје, бидејќи за долг на Владата кон ЈСП сакаат да скратат проект кој граѓаните од тој дел на Скопје го чекаат со децении.

Инаку, автопатот „Хасан Приштина“ кој претходно се викаше „Јадранска“ наиде на бројни пречки во обидите за негово проширување и санација. Во текот на пролетта минатата година, Инспекторатот за урбанизам и општина Бутел затекнаа голем број дивоградби узурпирано земјиште. Сега по повеќе од една година само едно лице ја тргнало оградата, додека другите објекти воопшто не се поместени.