Дали може автобус да изгори толку брзо?! – На компанијата „Беса Транс“ и е одземена лиценцата за работа

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

Сопственикот на една од најголемите транспортни компании  во Бугарија е убеден дека   се случило нешто чудно при несреќата во која  животот  го загубија 44 патници. Себахтин Исмаил кој поседува нов автобус Мерцедес за бугарскиот портал Хасково вели дека не е можно еден таков автобус како тој на Беса Транс, да изгори за толку кратко време  и да има толку многу жртви. Исмаил тврди дека сите автобуси кои се произведени по 2018 година особено тие од марката Мерцедес имаат инсталирано безбедносни системи  со противпожарни уреди.

„Најпрво автобусот запира, потоа се отвораат сите врати и горните прозорци. Автобусот влегува  во посебен режим и тој нема како да продолжи, нема како да се случи да не се отворат вратите и горните прозорци. Нема како да изгори целиот автобус, бидејќи автобусот се гаси сам, доколку има некаде пожар   во системот на автобусот, додека стигнат пожарникарите, автобусот не може да изгори за толку кратко време, апсурдно е, имало експлозив“, истакна Себахтин Исмаил.

Тој исто така ги покажа противпожарната инсталација во моторот, безбедносните излези во автобусот, камерите кои се користат за препознавање на патната сигнализација.  Доколку се случи возачот да заспие, неговото седиште  почнува да се тресе и самото возило реагира и се враќа во потребната насока, додава тој.

„Толку многу жртви во една таква несреќа, тоа не е тежок инцидент толку среден“, додава Себахтин Исмаил. .

Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски соопшти дека Беса Транс веќе не поседува лиценца за работа за превоз на патници. Инаку се суспендирани двајца царинарници, бидејќи тие не го евидентирале излезот на автобусот во Бугарија, кој немал дозвола за такво патување. Од Царина велат дека царинарниците го прекршиле член 49 од Законот за патен превоз.