Дали може „Камиказа“ да го води Скопје? – Шилегов: На метрополата не и требаат луѓе кои ќе учат од почеток

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Партијата на Апасиев, Левица, ќе го поддржи независниот кандидат за Град Скопје, Перо Георгиевски познат под прекарот Камиказа.

Денеска двајцата дојдоа во градскиот парк. Георгиевски немаше конкретен одговор кога побаравме да ни каже три капитални проекти кои планира да ги реализира доколку стане градоначалник на Град Скопје.

Апасиев рече дека овој викенд ја завршиле програмата за локалните избори за 10 општини и Град Скопје, но додаде дека не ги откриваат бидејќи некој може да им ја украде идејата. Тој додаде дека нема да соработуваат со ниедна партија.

Противкандидатот и актуелен градоначалник, Петре Шилегов рече дека на Скопје не му требаат луѓе кои ќе треба да учат од почеток како се води една институција.

Освен Петар Георгиевски – Камиказа и Петре Шилегов, за Скопје ќе се тркаат Данела Арсовска која ќе ја добие поддршката од ВМРО-ДПМНЕ-АА-ААА, Ана Петровска, Љубомир Јосифовски, а се спомнува и името на Александар Тортевски.