Цената на нафтата „Брент“ денеска надмина 114 долари за барел, додека европските берзански индекси забележаа пад по новите напади на јеменските Хути врз Саудиска Арабија и стравувањата од проширување на конфликтот врз клучната енергетска инфраструктура и поморските транспортни правци.
Во 10 часот, цената на нафтата „Брент“ пораснала за 0,93 проценти, достигнувајќи 114,220 долари за барел. Американската лесна нафта WTI поскапела за 1,22 проценти, на 100,699 долари за барел.
Саудиската нафтена компанија „Арамко“ им наложила на вработените да го напуштат седиштето во Дахран и да продолжат со работа од далечина по интензивирањето на конфликтот, пренесува „Ројтерс“.
