Дали новите сметки за струја ќе ги зголемат и цените на хотелските услуги во Охрид и во Струга?!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Враќањето на ДДВ-то во сметските за струја од 10 на 18 проценти, нема да ги зголемат и цените на туристичките резервации ниту кај хотелите ниту во приватното сместување, уверуваат угостителите поради тоа што малите потрошувачи или малите компании ќе добијат речиси исти сметки за електрична енергија бидејќи повеќето од хотелите инсталирале фотоволтаични панели.

Цените на аранжманите во екот на туристичката сезона на брегот на Охридското Езеро во хотели со 4 или 5 ѕвезди се движат од 40 евра до 60 евра за ноќевање со вклучен појадок, кои според ХОТАМ и понатаму се најевтините во регионот.

Угостителскиот сектор силно ја почувствува енергетската криза минатата година, при што најголемите хотели ја затворија годината со загуби.