Претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски гостува вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21. Дебатиравме и за пописот, кој е планиран да се одржи оваа година.
Пред извесен период Пендаровски искажа дека можеби треба да се размисли да се одложи пописот за неколку месеци, па го прашавме дали и натаму стои на истиот став.
„За избори кога и како не сум се произнесувал. Но, за пописот сум се произнесувал.
Јас кажав пред неколку месеци. Ако е проблемот коронавирусот, дајте месец – два да го одложиме, по претпоставка дека ширењето на вирусот ќе биде редуцирано. Сега и тоа се покажа како неточно. Доцнењето на вакцините влијае.
Еве ја следиме ситуацијата во Србија каде имаат голем број на вакцинирани. Бројките, за жал, не се така добри. А, рестриктивните мерки во Србија не се поразлични од нашите“, изјави Пендаровски.
