Министерката за образование и наука Мила Царовска ја претстави новата концепција за основно образование, со која повеќе предмети се интегрираат во еден предмет. Предметот историја нема да се изучува повеќе како посебен предмет, туку како дел од општествените науки.
За многумина, меѓу кои и за опозициската ВМРО-ДПМНЕ, ова беше окарактеризирано како „бришење“ на предметот историја, но Царовски објасни дека тоа се само промени кои се во согласност со развиените земји, и негираше дека ова доаѓа како резултат на проблемите со бугарско-македонскиот спор.
– Во исто време и предметите биологија и хемија се интегрираат. Прави некаква разлика? Зборуваме за интеграција на природни и општествени науки, што се случува секаде во развиените земји во светот. ИДејата е да создадеме младина, инина која што ќе може да ја движи државата кон економски и социјален развој. Критична точка е дека нашите деца учат многу предмети, но само фактографски, без да се поврзат-рече Царовска.
Од ВМРО-ДПМНЕ со реакција околу новиот концепт.
„Ниту е ‘постигнат концепт’ ниту, пак, е тоа во некаква близина до финскиот модел. Ова е тешка импровизација во која најмалку се водело сметка за образованието и неговата содржина. Оваа концепција не соодветствува со ниедна образовна во светот. Она што во време кога се оспорува нашиот идентит, јазикот и историјата на Македонија, гледаме дека предметот историја се интегрира во општествени науки, заедно со дел од географија и граѓанско образование. Дали ова значи кратење на наставните програми по историја и да ли ова значи прилагодување на историјата кон политичките потреби на СДСМ? Ќе ја избришеме ли целата македонска историја? Зошто учениците во новата концепција не би имале барем една година национална историја, како што има во други земји? И во финската програма постои Историја како водечки предмет со социјални студии од 3 до 9 додделение“, наведува ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата.
