Дали власта подготвува терен за враќање на поранешниот премиер и екс претседател на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски. Ова беше пратеничкото прашање на Миле Талевски до министерот за правда Игор Филков, кој рече дека пратеникот на СДСМ се однесува како шарлатан.
„Во јавноста но и во политичките кругови интензивно се зборува за нешто што сериозно ја загрижува македонската јавност дека одредени структури во Владата и во ВМРО-ДПМНЕ активно подготвуваат терен за враќање на Никола Груевски во Македонија и негова амнестија. Се шират информации дека се работи тивко, под радар со поддршка од лица кои денес се на највисоки функции во Владата. Дали Министерството за правда има поднесено ново обновено барање за екстрадиција на поранешниот премиер и бегалец Никола Груевски“, праша Талевски.
„Мора да престанете да ја замајувате македонската јавност со ваков шарлатански пристап. Ова Министерство си ги бара сите бегалци но вие говорите за политички азиланти ако доволно ве пратев, што значи дека секој пат кога ќе бидат создадени услови повторно и повторно Министерството за правда ќе си ги бара своите граѓани, а во меѓувреме треба да дадете одговор каде е оние другите со кои што вие договаравте бегства“, му врати Филков.
