Дали Шекеринска се повлекува од СДСМ?-Ја одбила и понудата на Заев да биде амбасадорка во Вашингтон

ПОСЛЕДНИ ВЕСТИ

ТВ21 од внатрешни извори на СДСМ дознава дека нивниот претседател, премиерот Зоран Заев сака потпретседателката на партијата, актуелна министерка за одбрана, Радмила Шекеринска да биде амбасадор на земјава во Вашингтон.

На прашањето дали навистина таа е потенцијално име за оваа позиција, Заев накратко одговори за ТВ21 дека “тоа не е вистина“. Ниту министерот за надворешни работи, Бујар Османи не потврдува. Но, Шекеринска вели дека самата позиција е многу важна, особено поради новиот претседател Бајден, сепак додава дека ваквите прашања не се решаваат преку медиумите.

И ако нема ништо официјално за назначувањето на Шеќеринска за амбасадор, таа веќе одлучила да не се кандидира за функција во СДСМ каде по неколку недели ќе се одржи изборен конгрес, а сега партиските општински организации ги подготвуваат нивните предлози за имиња.

Долго време Северна Македонија нема амбасадор во Вашингтон и Мисијата на ОН во Њујорк. За Њујорк се спомнува името на екс министерот за внатрешни работи, професорот Љубомир Фрчкоски по неуспешниот обид да биде назначен за амбасадор на САД.