Предвремени избори? Мицкоски: Никогаш не вели никогаш!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Премиерот Христијан Мицкоски не ја исклучува можноста за предвремени парламентарни избори, но нагласува дека актуелната Влада има четиригодишен мандат и дека фокусот е ставен на исполнување на ветените политики.

Одговарајќи на прашањето дали може да се заклучи дека ќе има или нема да има предвремени избори, со оглед на тоа што темата се отвора и од опозицијата и од власта, Мицкоски рече дека во политиката не треба да се исклучува ниту една можност.

„Во политиката никогаш немојте да велите никогаш. Тоа е најголемата грешка што поединци ја прават. Секогаш треба да имате подотворена врата за секоја политика“, изјави Мицкоски во емисијата „Click Plus“ на ТВ21.

Тој повтори дека Владата има мандат од четири години и дека приоритет останува реализацијата на планираните економски политики.

Во тој контекст, премиерот посочи дека една од целите е просечната плата до крајот на мандатот да се приближи до 60.000 денари.

„Јас велам може да, може не, но ќе сториме сè за да се приближиме до таа граница од 60.000 денари“, рече Мицкоски.