Техничкиот премиер Оливер Спасовски се поздрави со јавноста и рече дека во текот на неговиот 9 месечен мандат земјата станала полноправна членка на НАТО и добила датум за почеток на преговори со ЕУ. Но тоа што привлече внимание беше моментот кога Спасовски овие заслуги му ги припиша на Заев кој во моментов е лидер на СДСМ.
Овие постигнувања Спасовски рече дека “следат по храбрите одлуки на Зоран Заев“
Но Спасовски не ги спомна поранешните раководители на другите институции како што го спомна Заев и повика на реформи во опозициската ВМРО-ДПМНЕ.
Но со овие изјави дали Спасовски ја политизираше владината говорница? Тој одговори:
Спасовски зборуваше и за договорот на коалицијата на следната влада според кого немаме техничка туку преодна влада. Според Спасовски нема да има ниту техничка ниту преодна, туку политичка влада.
Пред неговото заминување, се заблагодари на министерот за здравство Венко Филипче за, како што рече, “доброто менаџирање со здравствената криза со Ковид-19, а изрази убеденост дека идниот владин кабинет каде се очекува тој да биде министер за внатрешни работи е професионален и нема дамки на корупција.
