Јасно е дека патиштата се посипуваат со сол во текот на зимските месеци, како би се спречило лизгање на патот, и тоа придонесува за топење на снегот и на мразот на зима.
Меѓутоа неретки се сликите, особено во развиените земји, како камиони со сол ги минуваат патиштата и во текот на летниот период.
Ако зимоска солта се користи за уништување на мразот и снегот, на лето има сосема друга намена.
Имено, солта на лето го спречува топењето на асфалтот, особено во земјите каде што има високи температури, така што ја апсорбира влагата од воздухот и го лади асфалтот.
Исто така го остранува и вишокот на влага што го чини помалку леплив и спречува деформација и оштетување.
