Дали Заев и Касами се подготвени за коалиција? Заев отворен за сите, Мицкоски призна дека разговара со албанските партии

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Алијанса за Албанците и Алтернатива ја објавија нивната коалиција. Со ова, Движењето Беса остана надвор, но синоќа претседателот на партијата, Биљал Касами, целиот процес за формирање тројна коалиција го нарече „игра и тактизирање“ на две партии кои според него, претходно веќе се договориле да коалицираат. Но, дали патот на Беса е отворен за други коалиции? Касами синоќа изјави дека неговата партија изгубила многу време занимавајќи се со можните коалиции. Сепак, одговарајќи на прашање, не ја отфрла можноста за коалиција, вклучувајќи ја и СДСМ.

-Кога ќе дојде времето и ако има достојни покани, секако дека ова Собрание што е собрано тука, ќе дискутира и ќе одлучи според заслуженото.-вели Касами.

Отворен за сите е и лидерот на СДСМ, Зоран Заев, иако тој во моментов е на власт, а Беса во опозиција. Иако Беса досега негираше дека разговарала со други партии, Заев низ шега даде до знаење дека сите претседатели разговараат меѓусебе.

Заев додаде дека доколку би имал можност да размислува за коалиција со сите, како што рече, за Мицкоски тоа не би го направи поради национализмот. Првиот човек на опозициската партија, Христијан Мицкоски, тврди дека води разговори и со албанските партии.

Досега, покрај традиционалните коалиции на СДСМ и ВМРО, во македонскиот блок сѐ уште не е обелоденета некоја предизборна коалиција. Што се однесува до албанскиот кампус, договор за соработка падна меѓу Алијанса и Алтернатива. ДУИ и ДПА се произнесоа дека на изборите ќе настапат сами. Кандидатските листи за изборите на 12-ти април треба да се достават до 17-ти март.