Дамовска: Имаме многу добри наставници и деца кои добро се снаоѓаат и во други образовни системи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Професорката Лена Дамовска во вечерашниот дебатен магазин „Клик Плус“ на ТВ21 посочи дека има многу добри наставници и деца кои добро се снаоѓаат и во други образовни системи.

„Сите истражувања коишто досега сме ги правеле во рамките на различни проекти укажуваат на тоа дека ние имаме многу добри наставници, посветени, впрочем ние имаме и деца коишто успешно се снаоѓаат во други образовни системи, излегуваат од овој систем и одат некаде со извонредни резултати коишто ги покажуваат во тие други системи“, вели Дамовска.

Таа вели дека не може да генерализира, односно да каже дека сите се добри наставници.

„Имаме проблем во однос на квалитетот на наставата, односно квалитетот на усвојување на знаењата“, додава Дамовска.