Барањето сертификати за вакцинација при влез во одредени објекти треба веднаш да се укине., смета епидемиологот Драган Даниловски кој мерката ја оценува како бесмислена и н еоснована.
Според него, во период кога состојбата е смирена и имаме полесна варијанта на Омикрон, не треба да се инсистира на вакцинација. Даниловски додава дека тоа требаше да се направи порано со поагресивна кампања.
Но од КЗБ од каде се носат препораките за заштита од Ковид 19, велат дека сега за сега нема шанси да се укине мерката за сертификати. Портпаролот на Комисијата, Злате Мехмедовиќ вели дека мерката ги штити граѓаните кои не се имунизирани.
Мерката за сертификати при влез во одредени објекти, трговски центри итн е на сила од август. Процентот на имунизирани граѓани од тогаш не е многу сменет. Од септември има драстичен пад на интересот за вакцинација, според бројките од извештајот од ИЈЗ. Пред една година започна анти ковид вакцинацијата во нашава земја и од тогаш со две дози се имунизирале 847.072 граѓани а трета доза примиле 137.048 граѓани.
