Данска ја зголеми границата, ќе се работи до 70 години!

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Данска ја зголемува старосната граница за пензионирање на 70 години до 2040 година, со што ќе има една од највисоките граници за пензионирање во Европа.

Причината е продолжениот животен век и сè поголемиот број години што луѓето ги поминуваат во пензија. Според долгорочните процени на ОЕЦД, доколку старосната граница и понатаму се поврзува со животниот век, таа во иднина би можела да достигне и 74 години.

Во моментов, Данците се пензионираат на 67 години. За споредба, во Македонија жените можат да се пензионираат на 62, а мажите на 64 години, со најмалку 15 години пензиски стаж.

Стареењето на населението и притисокот врз пензиските системи ги тераат сè повеќе европски земји постепено да го продолжуваат работниот век.