Данците не се опоравија од шокот па загубија од Финска, но најважно е што Ериксен победи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Вториот натпревар во денешната програма меѓу Данска и Финска, заврши со победа на Финците со 0:1 во Копенхаген. Голот вреден победа го постигна Похјанпало.

Данците никако не успеаја да се опорават од шокот по колабирањето на Кристијан Ериксен на теренот, по што лекарите водеа битка за неговиот живот, и на крајот успеаја да го спасат. Данска дури промаши и пенал во вториот дел и не дојде до израмнување.

Кристијан Ериксен во моментов е добро, и комуницира со најблиските. Неговиот татко вели дека тој е во добра состојба.