Адвокатот Звонко Давидовиќ, во „Претрес со Ландов“ зборуваше за обвинението за трагедијата во кочанската дискотека „Пулс“. Тој е бранител на обвинетиот Аднан Џаферовски, поранешен директор на Дирекцијата за заштита и спасување и на еден од обезбедувачите кој бил без лиценца и стоел пред дискотеката.
„Случајот е тежок товар за судијката, но добро го менаџира. Со прифаќање на обвинението, судот го амнестираше обвинителството“, изјави Давидовиќ.
Давидовиќ смета дека обвиниенијата требаше да се разделат, и смета дека вината за процесот е кај поранешниот обвинител Љупчо Коцевски, кој, според него, грчевито се борел да ја задржи функцијата.
„Обвиненијата требаше да се разделат. Поранешниот државен обвинител ги хушкаше родителите и немаше доблест да им каже дека судењето ќе биде долго, а нас не’ обвинуваше. Чесно беше со 34 обвинети, 12 обвинители, да им каже на родителите на загинатите деца дека предметот со толку обвинети и докази ќе трае. Вината е кај Коцевски, но тој грчевито се бореше да ја задржи фотелјата”, вели Давидовиќ.
