Вчера напладне на улица „Питу Гули“ во Охрид, полицајци од СВР Охрид го лишиле од слобода К.Р.(79) од охридското село Коњско, соопшти МВР.
„Тој, претходно, на булевар „Туристичка“ во Охрид, управувајќи патничко возило „мерцедес“ со охридски регистарски ознаки, предизвикал сообраќајна незгода во која оштетил шест паркирани патнички возила, по што не застанал, туку продолжил да го управува возилото. По преземени мерки, тој е пронајден и при извршено алкотестирање, кај него биле утврдени 1,51 промили алкохол во крвта, по што е приведен во полициска станица“, се вели во соопштението.
По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
