Давкова ги отворила сите прозорци во Вила Водно за да луфтира и има промаја поради непријатна миризба – претходно биле затворени ради безбедност

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Новата претседателка веднаш направила „генералка“ на Вила Водно. Меѓу првите работи кои ги направила, ги отворила сите прозорци на Вилата за да влезе чист и свеж воздух, оти како што брифираат извори за ТВ21 имало непријатна миризба.

Претходно тоа не се правело, а прозорците цело време биле затворени поради безбедносни причини.

Гордана Силјановска Давкова за протоколите зборуваше и во дебатниот магазин Клик Плус на ТВ21 пред да биде избрана за претседателка. Таа рече дека не би сакала да се откаже од традицијата да го посетува Зелен Пазар и Буњаковец бидејќи тоа го прави речиси секој ден.