Дебар и Центар Жупа излегуваат од кризната состојба, за двете општини важат истите мерки како во цела земја

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Од денеска, Дебар и Центар Жупа не се веќе во кризна состојба заради коронавирусот. На предлог на главниот штаб, Владата одлучи да ги повлече сите дополнителни мерки кои беа воведени во овие две општини. Сега за Дебар и Центар Жупа важат истите мерки како во цела држава.

„Владата на предлог на главниот штаб одлучи денеска да ги укине сите дополнителни мерки предвидени за гореспоменатите територии на двете општини, кои беа на сила од 13 март кога стапи на сила кризната состојба прогласена за период од 30 дена“, рече Буџаку.

Агрон Буџаку, од ЦУК рече дека Дебар и Центар Жупа го надминале тешкиот период.

„Од епидемиолошки аспект, за ова допринесе фактот што последните 9 дена немаме ниту еден случај на новозаразен со коронавирус. Сегашниот биланс се надеваме да биде и конечен, а тоа е 49 пациенти потврдени со коронавирус, од 16 се излекувани, 4 починаа за жал, 8 ги чекаат резултатите на вториот тест, а 29 пациенти се на домашно лекување.ќе се прави скрининг на населението во Дебар и Центар Жупа, со оглед на тоа што таму веќе извесен период не се дијагностицираат нови пациенти. “, рече Буџаку.

20 до 30 посто од население ќе биде тестирано со дел од добиената донација од 20.000 тестови за дијагностика на антитела .Во Дебар и Центар Жупа беше забранет влез и излез. Низ градовите сообраќаа само возила на полицијата, војската и Брзата помош.