Дебата на ниво меѓу двајца интелектуалци – граѓаните со позитивни впечатоци за соочувањето Таравари-Османи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Првото ТВ соочување меѓу двајцата албански кандидати за претседател се одржа на ТВ21.

Кандидатот на ЕФ, Бујар Османи и кандидатот на ВРЕДИ, Арбен Таравари ги објавија нивните платформи за изборната трка, аргументирајќи зошто стојат зад таа програма соочувајќи идеи и мислења за иднината на земјава.

На крајот си подадоа рака еден на друг, дури си ги разменија и програмите.

Граѓаните кои ја гледале дебатата и кои ги анкетиравме во Скопје и Тетово, истата ја оценија дека била на високо ниво, како што им прилега на двајца интелектуалци.

„Ја гледав. Двајцата се интелектуалци, зрели луѓе, сега треба да работат за луѓето, ништо друго“.

„Не знам, не можам да кажам, ќе победи подобриот. Ова е потребно за сите Албанци, нека гласаат, нека биде мирно, демократски“

„Мислењето е добро, но нивната соработка или договор за да победи подобриот, ќе покаже праксата, бидејќи се знае дека Албанците ги немаат гласовите за претседател“.

„Мене ми беше задоволство кога ги видов заедно, ми се направи ќеифот“.

„Да ја следев. Беше многу добро бидејќи двајцата беа на ниво и дебатираа како што требаше, а не како некои политичари кои само викаат и не кажуваат ништо“.

„Деморализиран сум од политичките партии. Самите албанските партии сакат да ги решат проблемите на албанскиот народ, никогаш не!“

А кој од двајцата кандидати има поголема шанса за победа според граѓаните?

Според вас кој од овие двајца кандидати ќе победи?

„Шансите се еднакви, станува збор за зрели луѓе, со факултети, интелектуалци од високо ниво, не се знае“.

„Од нив двајца?! Таравари ќе победи, Бујар Осмaни ќе победи 100%“.

„Според ангажманот на Али, поголеми шанси има Бујар, бидејќи ги познавам и двајцата“.

-Кој ќе победи?

„Кој е најдобриот, тој нека победи“.

„Никој нема да победи, ќе победи Македонец…“

Првиот круг на претседателските избори ќе се одржи на 24 април, а вториот круг на 8 мај, ден кога граѓаните ќе гласат и за парламентарните избори.