Дебата за ИЕ1 на ТВ21 – обвинувања, барања за извинување, судир на аргументи

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Лидерот на СДСМ Зоран Заев треба да им се извини на Албанците за изјавата дека е спремен да им даде или бара мандати на ВМРО-ДПМНЕ за да се формира идната влада,со единствена цел да не прифати никакви условувања за премиер Албанец од ДУИ.

„Што се однесува до изјавата на претседателот на СДСМ, според мене, тоа беше скандалозен гаф кој гледа подготвеност да соработува, коалицира со ВМРО да разменат пратеници со цел да не постои можност партиите или нашата албанска коалиција да покаже подготвеност за подобро раководство на Владата. Тоа е гаф и треба да им се извини на Албанците бидејќи во ова држава не може да се направи коалиција меѓу македонските партии на штета на Албанците“, истакна Скендер Зејд Реџепи.

Идејата за премиер Албанец е една од темите која доминира на оваа изборна кампања. Изет Меџити од ДУИ вели дека им е драго поради тоа.

„Мислам дека сите тука се согласуваме дека политиката ја управуваат идеите и идејата на ДУИ ги најде неподготвени и ги изненади нашите најмали албански политички опоненти, но и македонските опоненти и мене ми е мило што и тие на кои им се допаѓа идејата и на тие на кои не им се допаѓа, се занимаваат со идејата на ДУИ за Премиер Албанец и е една од темите со која се води ова изборна кампања“, посочи Изет Меџити.

СДСМ кога направила коалиција со Движење Беса, не кажа дека се поквалитетни, туку само дека се етнички поразнолики во самата коалиција, обвинува Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ.

Зборувајќи за политичката програма, Мила Царовска од Коалицијата Можеме рече дека предвидуваат разрешување на судиите чии предмети се застарени.

Петар Богоевски од Македонски концепт рече дека е време оваа влада да си замине, но и да не се врати претходната влада на ВМРО-ДПМНЕ.

Во емисијата со претставниците од ИЕ 1се дискутираше и за Преспанскиот договор, состојбата со Ковид-19 и други актуелни теми.