Стефан Дечев, бугарски историчар зборува вечерва во „Клик Плус“ на ТВ21 за спорот меѓу Бугарија и Македонија.
На прашање на што мислеше Екатерина Захариева кога кажа дека во Македонија има многу говор на омраза, Дечев рече:
„Мислам дека Захариева мислеше на говорот на омраза кој доаѓаше главно од страна на опозицијата во Македонија. Инаку Зоран Заев беше многу воздржан на потценувачките тонови кои доаѓаа од Софија и тие говори кои ги споменав претходно“, рече Дечев, а на ова се согласи и Константин Павлов од „Да, Бугарија“.
