Дедо Мраз и супер херои од цртаните филмови им поделија пакетчиња на хоспитализираните на Детската клиника

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Соработник на тимот за одговор при катастрофи на Црвениот крст на град Скопје, маскиран во Дедо Мраз и волонтери маскирани во костуми на омилените супер херои од цртаните филмови со хеликоптер се спуштија по јаже од хеликоптер и им поделија пакетчиња на децата хоспитализирани на Универзитетската клиника за детски болести.

„Денес Детската клиника беше повеќе од болница – беше место на храброст, надеж и насмевки. Супер хероите се спуштија од височините, со јажиња, со срце, со подароци – и донесоа радост таму каде што најмногу треба.

Денес Детската клиника беше повеќе од болница – беше место на храброст, надеж и насмевки. Супер хероите се спуштија од височините, со јажиња, со срце, со подароци – и донесоа радост таму каде што најмногу треба.

Тимот за спасување на планина од Тимот за одговор при катастрофи на Црвениот крст на град Скопје, волонтерите, професионалците, МВР и Хеликоптерската единица, уште еднаш покажа дека хуманоста нема граници“, се вели во соопштението на Црвен крст на град Скопје.