Попладне невреме во делови од земјава: Пороен дожд, грмежи и можен град

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.