На популарната страна Flightradar каде може да се следат авионските летови, сега може да го следите и движењето на санката на Дедо Мраз, а се чини дека светот со големо внимание го следи најважниот лет во годината.
Според податоците, летот со ознака SANTA1 е активен и во моментов се наоѓа во воздушниот простор над Гренланд.
Овој несекојдневен лет привлече огромен интерес кај интернет-корисниците, при што над 39.000 луѓе во живо ја следат неговата траекторија. Санката, со уникатна регистрација HOHOHO, се движи со импресивна брзина од 485 јазли, што е речиси на границата на брзината на звукот (0.957 маха).
Техничките податоци покажуваат дека Дедо Мраз лета на екстремна височина од 60.000 стапки, обезбедувајќи непречена испорака на подароците ширум планетата. Иако неговото летало е старо цели 1.755 години, тоа и понатаму покажува беспрекорни перформанси на радарите во оваа празнична ноќ.
Движењето можете да го следите ТУКА
