Дејвид Бекам стана витез

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Дејвид Бекам доби посебна почест од кралот Чарлс на церемонија во замокот Виндзор.

Тој е прогласен за витез и сега ќе ја користи титулата „Сер“ пред своето име.

Поранешниот капитен на Англија е прогласен за витез за неговите заслуги во спортот и добротворните организации, а за Скај њуз призна дека плачел кога дознал.

По церемонијата, Сер Дејвид рече дека тоа е „голем момент“ за него и неговото семејство.

„Плачев кога првпат дознав, а можеби и неколку месеци потоа. Оваа недела беше навистина емотивна. Не бев нервозен, само бев емотивен. Ќе ми треба време да се навикнам луѓето да ме викаат Сер. Тоа е едноставно огромна чест“, рече Бекам.