Претседателот Стево Пендаровски не очекува позитивен исход од самитот на лидерите на Европската унија за земјите од Западен Балкан кој ќе се одржи во декември. Според него, Македонија не го исполнила единствениот предуслов од преговарачката рамка и затоа, според него, резултатот е јасен. За ова ја обвинува опозицијата и нивните цврсти позиции.
Сепак, министерот за надворешни работи Бујар Османи се уште е оптимист дека нешто може да се постигне и вети дека ќе работи до крај. Најави дека доколку и овој пат државата потфрли, ќе ги посочи со име и презиме сите тие кои тактизирале со оваа историска шанса.
Единствениот предуслов од преговарачката рамка е барањето на Бугарија бугарскиот народ да биде ставен во Уставот на Северна Македонија. Но, на ова досега остро се спротивставуваше опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, нарекувајќи го промена на уставот под „бугарски диктат“.
