„Извршна наредба за блокада на имот и спречување влез во САД за одредени лица кои придонесуваат кон дестабилизација на состојбата на Западниот Балкан“. Ова стои во документот потпишан од страна на американскиот претседател Џо Бајден.
Бајден најави дека секој оној кој ги поткопува поствоените договори и институции по распадот на СФРЈ, претставуваат невообичаена и вонредна закана за националната безбедност и за надворешната политика на САД.
„Јас, Џозеф Бајден Помладиот, претседател на САД, го проширувам опсегот на итната состојба објавена со Извршната наредба 13219 од 26 јуни 2001 (Замрзнување на имот на лица кои ги загрозуваат меѓународните напори за стабилизација на Западен Балкан), прецизирана со Извршната наредба 13304 од 28 мај 2003 (Прекинување на итната состојба во врска со Југославија и модификација на Извршната наредба 13219 од 26 јуни 2001), наоѓајќи ја ситуацијата на територијата на поранешната Социјална Федеративна Република Југославија и Република Албанија (Западен Балкан), изминативе две децении, вклучувајќи го поткопувањето на поствоените договори и институции по распадот на поранешната СФРЈ, како и широкораспространетата корупција во разни влади и институции во Западен Балкан, го отежнуваат напредокот кон ефективно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции и затоа претставуваат вонредна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“, стои во Извршната наредба.
Извршител на овие наредби ќе биде Министерството за финансии во соработка со Стејт Департментот.
Во документот стои дека секој кој извршил или поддржал злоупотреби на човекови права или бил вмешан, директно или индиректно, во корупција или поткуп, вклучително и владини претставници на сите нивоа.
Во документот се објавени и договорите на кој се однесува оваа одлука, а покрај Охридскиот и Преспанскиот, тука се уште и Дејтонскиот мировен договор, Резолуцијата 1244 на ОН, како и Хашкиот трибунал, и други.
Откако Бајден е претседател на црната листа на САД се најде поранешниот албански премиер Сали Бериша, а од минатата недела и шестмина бугарски бизнисмени и лица блиски до врвот на поранешната владејачка партија ГЕРБ на Бојко Борисов.
