Дел од покрив падна на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово од силниот ветер

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Претпладнево, силниот ветер предизвика пад на дел од лимениот покрив на зграда на улицата „Гоце Делчев“ во Куманово, во близина на крстосницата со булеварот „Трета Македонска ударна бригада“.

Од Регионалниот центар за управување со кризи информираа дека случајот е пријавен кај локалната самоуправа и полицијата. Сообраќајот во околината е регулиран од страна на СВР Куманово, а екипи на ЈП „Чистота и зеленило“ работат на отстранување на паднатиот покрив.

– Со наша механизација се расчистува лимениот покрив, изјави директорот на ЈП „Чистота и Зеленило“, Сашо Томиќ, додавајќи дека се преземаат сите мерки за безбедно движење на граѓаните и возилата.

Граѓаните се предупредуваат на внимателно движење низ централното градско подрачје додека траат активностите за расчистување.