Дел од Шпанија без интернет и без телефонска врска поради дефект

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Неколку шпански региони денеска останаа без фиксна комуникација и интернет поради технички дефект во мрежата на најголемата телекомуникациска компанија Телефоника, јавува ТВ каналот Антена 3.

Проблемот ги зафати Баскија, Валенсија, Арагон и Екстремадура.

Како што објасни самиот оператор, причината за вонредната состојба била работа на надградба на мрежата, при што дошло до дефект.