Дел од Велика Британија е во црвен метеоролошки аларм поради екстремна топлина

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Црвено предупредување за екстремна топлина е издадено во Велика Британија за областите што се протегаат од Лондон до Свонси и од Сомерсет до Бирмингем од 09:00 часот во среда до 21:00 часот во четврток, објавија денес англиските медиуми.

Метеоролошката служба соопшти дека се очекува овој топлотен бран да донесе сериозни последици, вклучително и широко распространети здравствени ризици за многу граѓани, дури и опасни по живот, објавува „Гардијан“.

Предупредува дека треба да се направат „значајни промени“ во работните практики и дневните рутини и повикува на будност во врска со можни прекини на електричната енергија или дефекти на инфраструктурните системи чувствителни на топлина.