Во општинската зграда пристигна со автомобил тип Голф.
Пред вратата ја немаше администрацијата на општината, како што обично се случува со нов градоначалник. Но, во придружба на свои соработници, Фадиљ Џелили се качи по скалите на општината на Гостивар, кон новото работно место за кое го делегираше Владата.
Кабинетот го најде во темница, внатре немаше никој.
Како и што најави, вршителот на должноста Ваљбон Лимани не го пречека во кабинетот за формално или неформално примопредавање на должноста, бидејќи ниту еден од нив не е избран со гласови од народот туку е поставен во други околности.
Но, тоа не го спречи Џелили да се смести сам.
По краток визуелен преглед, заедно со придружбата, седнаа на масата за состаноци.
Тој рече дека е таму само за да го одржува нормалното функционирање на општината и да нема застој во услугите за граѓаните.
„Сакам прво да испратам порака до граѓаните на Гостивар да бидат уверени дека доаѓам во тешки моменти, но само за да го продолжам нормалното функционирање на општината, ниту за одмазда, ниту за да му наштетам на некого.“, вели Фадиљ Џелили.
За општинската администрација, која не излезе да го пречека, Џелили рече дека тоа можеби е поради страв од претставниците на НАИ. Сепак, додаде дека дошол да работи со актуелната администрација, бидејќи како што вели администрациите не се менуваат кога се менуваат градоначалниците на општините, но од нив ќе бара одговорност.
НАИ не се согласува со ова назначување, во чиј состав е и Алијанса за Албанците, која го кандидираше Ваљбон Лимани на изборите на 19 октомври. Од таму велат дека одлуката на Владата да ги именува таканаречените „повереници“ на чело на општините е незаконски акт што има за цел да ја узурпира волјата на граѓаните на Гостивар и Врапчиште.
„Во Гостивар, прекршокот е уште потежок: Ваљбон Лимани е вршител на должност избран од Советот на општината, а член 54, став 5 од Законот за локална самоуправа јасно одредува: ‘Членот на советот избран за вршител на должност на градоначалник ја извршува функцијата до изборот на нов градоначалник.’ И последните измени во законот ја потврдуваат истата одредба: ‘Вршителот на должност продолжува со функцијата до изборот на нов градоначалник од страна на народот.’“, велат од НАИ
Неколку дена порано, Лимани за ТВ21 изјави дека одлуката на Владата за делегирање на вршител на должноста градоначалник на Гостивар ќе ја оспори пред Уставен суд. На прашањето за ова, Џелили рече дека Лимани треба да ги искористи законските права што му припаѓаат.
Џелили ќе ја извршува должноста градоначалник како делегиран од Владата до изборите на 11 јануари. Тој изјави дека е подготвен да биде кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Гостивар, но додаде дека одлуката ќе ја донесат коалициските партнери.
