Демонстранти запалија зграда на државна телевизија во Бангладеш

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Демонстранти го запалија седиштето на главната државна телевизија БТВ во Бангладеш скаде има „многу луѓе“ заробени во нејзините канцеларии, објави мрежата на страницата на Фејсбук.

„Катастрофален пожар во БТВ. Брзо се шири. Бараме соработка со Противпожарната служба. Многу луѓе се заробени внатре“, соопшти телевизијата. „Стотици демонстранти… ја запалија зградата“, јавија западни медиуми кои имаат дописници во таа држава.