10 декември – Меѓународен ден на човековите права.
Europe House и Делегацијата на ЕУ, во соработка со ООН, „Galaktik Omnivore“ и Министерството за образование, ја создадоа играта NAVIGATOR со цел едукација на младите и пошироката јавност за човековите права преку интерактивно и забавно искуство.
Еве како одговорија неколку граѓани на прашањата од Navigator:
Прашање: Како може да се заштити лице кое е жртва на насилство на интернет?
Граѓанка: Да молчи за да не се прошири приказната. Да го пријави случајот и да ги зачува доказите. Да го избрише својот профил или да возврати со исти навреди. Според мене, може да го пријави случајот и да зачува докази. – Точно е.
Граѓанка: Мислам дека првата опција – да молчи – е целосно погрешна, бидејќи постои рок до кога таа ќе молчи. Најдобрата одлука што може да ја донесе е да го пријави случајот, пред сè за да му покаже на светот каков човек е тој, и да се преземат мерки, бидејќи тие луѓе треба да бидат во посебна категорија.
На прашањето што значи терминот родов идентитет, граѓанката одговара:
Граѓанка: Начинот на кој една личност се идентификува и ја доживува својата родова припадност, независно од полот доделен при раѓање. Мислам дека е тоа како се чувствуваат, без оглед на тоа како се родени.
Таа објаснува дека без разлика на верската или родовата припадност, во нашата земја треба да има многу повеќе взаемна почит.
Граѓанка: Воопшто, ние во Македонија не почитуваме без разлика на верската припадност. Ми излезе едно видео – човекот вели „јас сум муслиман“, а зад него крст или црква… мислам дека тоа не треба да биде причина за недоразбирање меѓу луѓето. Но… се надевам дека ќе биде подобро.
Играта NAVIGATOR е бесплатна, на албански и македонски јазик, дел од глобалната кампања „16 дена активизам против родово базирано насилство“, и носи награди како: ИТ ваучер од 60.000 денари, велосипед, патување во Германија, курс по шпански јазик, европски железнички билети и многу други подароци.
Секој може да учествува; играта трае до 14 декември.
За да се квалификувате за награда, потребни се најмалку 1.000 поени.
Играта се игра на следниот линк: https://europehouse.mk/navigator/
