Петок. Ден пред светиот месец Рамазан.
Што се однесува до декорациите во Чаршијата, немаше нешто посебно, но се чувствуваше поинаква раздвиженост.
Верниците одеа од дуќан во дуќан, а на Бит Пазар, од тезга на тезга.
Се подготвуваат за постот, кога трпезата за Ифтар не е како во другите месеци бидејќи се посветува повеќе внимание на подготовката на храна.
Граѓаните со кои зборувавме се пожалија на високите цени, но велат дека немаат друг избор, секако мораат да купат.
Во овој важен месец за муслиманите, не недостига ни солидарноста и подадената рака на оние на кои тоа им е потребно. Менаџерот на еден ресторан близу Бит Пазар ни кажа дека ифтарите за сиромашните ќе бидат бесплатни.
-Оваа понуда важи за сирачиња и сиромашни, не може да важи за сите. Верувам дека тие што имаат можност не можат да контактираат со нас, но оние што немаат средства бараат помош од нас. Досега со поддршка од донатори работите се одвиваат добро, изјави Асан Асани, менаџер на ресторан.
ТВ21: Колку долго ќе трае ова, цел месец Рамазан?
Асани: Во текот на целиот месец Рамазан, од утре до крајот на Рамазан ќе ги поддржуваме сиромашните.
Вечерва оние кои постат го имаат првиот Сифир. Во Скопје, постот почнува во 4.32 наутро а првиот ифтар е во 17.30.
