Денешната седница на Собранието на која требаше повторно да се избере Талат Џафери за претседател, се одложува и најверојатно ќе се одржи утре. ТВ21 дознава дека одложувањето е поради отсуство на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и на ДУИ.
Веќе е јасно дека ќе се бира Талат Џафери за ново-стар претседател на законодавниот дом, а тоа вчера го потврдија и лидерите на СДСМ и на ДУИ, Зоран Заев и Али Ахмети, кога предложија свои кандидати за министри во новата влада.
Денеска требаше да биде гласањето за претседател, а утре за новата Влада, но ова денешно одложување ќе ги пролонгира работите.
