Денеска доаѓаат 10 илјади вакцини на Фајзер, на 15 мај доаѓаат кинеските вакцини

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Министерот за здравство Венко Филипче, најави дека денеска ќе дојдат вакцини на Фајзер, додека на 15 мај стигнува пратка на кинески вакцини.

„10 илјади вакцини на Фајзер денеска доаѓаат. Според најавите донација на кинеската армија на вакцини на 15 мај, и согласно сите најави го правиме распоредот на делење на вакцините ширум пунктовите“, рече Филипче.