Денеска инаугурација на Милановиќ, го почнува вториот мандат како претседател на Хрватска

НАЈНОВИ ВЕСТИ

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ќе положи заклетва во својот втор петгодишен мандат.

На инаугурацијата во Кабинетот на претседателот во Пантовчак ќе присуствуваат стотина гости, меѓу кои и четворица потпретседатели на хрватскиот Сабор, но никој од Владата.

Милановиќ по вторпат беше избран за хрватски претседател пред нешто повеќе од еден месец, на 12 јануари, кога во вториот круг го победи противкандидатот од ХДЗ, Драган Приморац.

На инаугурацијата, која ќе започне денеска напладне, ќе присуствуваат поранешни претседатели на државата, претставници на институции и здруженија,  вооружени сили на Република Хрватска, верски заедници, шефови на партии кои го поддржаа Милановиќ во кампањата, членови на тимот што ја предводеше неговата изборна кампања, семејства и пријатели.